Соработка со родители Предавање: „Раст и развој“

rast-razvoj-09-06-2025

Соработка со родители Предавање: „Раст и развој“

Дата на одржување: 09.06.2025 година
Место: ООУ Крсте Мисирков
Предавачи: Доктор Маријан Шилев – гинеколог и Александра Милошевска – медицинска сестра
Тема: Раст и развој кај младите – Пубертет, репродуктивно здравје и хигиена

Водиме особена грижа за здравјето на нашите ученици, во таа насока ја заокружуваме оваа учебна година со уште едно предавање.
Предавањето беше наменето за ученици од VII, VIII и IX одд. со цел едукација за промените што се случуваат во телото за време на растењето, особено во периодот на пубертетот.

1. Пубертет и телесни промени

Докторот објасни дека пубертетот е нормален биолошки процес кој обично започнува помеѓу 9 и 14 години. Се зборуваше за физичките промени кај момчињата и девојчињата – појава на влакна, развој на половите органи, промените во гласот, растење на телото и емоционалните предизвици што ги следат овие промени.

2. Разбирање на репродуктивното здравје

Медицинската сестра – воедно и родител на ученик од училиштето – даде едноставен и практичен приказ на важноста на репродуктивното здравје.
Нејзиното учество даде лична нота на предавањето, што придонесе за поблиска поврзаност со учениците. Таа зборуваше за значењето на информираноста, почитувањето на телото и поставувањето на здрави граници.

3. Хигиенски навики поврзани со телесните промени

Во последниот дел се зборуваше за личната хигиена – како редовното капење, одржување на хигиена на половите органи, носење чиста облека и користење соодветни хигиенски производи придонесува за самодовербата и здравјето. Предавачите ја истакнаа и важноста од отворена комуникација со родителите или стручни лица при дилеми или проблеми.

logo km