16 Ноември – Светски ден на толеранцијата: Работилница со Ученичката заедница „Дрво на различности“
По повод 16 Ноември – Меѓународниот ден на толеранцијата, беше организирана креативна работилница со Ученичката заедница посветена на негувањето на толеранцијата и емпатијата во училишната средина.
Во рамки на активноста, учениците заеднички изработија „Дрво на различности“, на кое преку пораки, мисли и симболи ги претставија вредностите на меѓусебното почитување, прифаќање, разбирање и солидарност. Секој лист на дрвото ја истакна убавината на различностите и важноста од тоа секој ученик да се чувствува сослушан, ценет и прифатен.
Со вакви активности продолжуваме да градиме отворена и поддржувачка училишна заедница, каде што толеранцијата и емпатијата се секојдневна пракса.



















Поврзани содржини