Безбедноста пред сè – НЕ на пиротехниката!
Во ООУ „Крсте Мисирков“, како дел од проектот “Безбедност во училиштата”, беше реализирана едукативна работилница на тема употреба и опасности од пиротехнички средства.
Учениците се запознаа со сериозните ризици и последици од несоодветна и неконтролирана употреба на пиротехника, како и со значењето на одговорно однесување, особено во периодот на празници.
Преку едукативен разговор и реални примери, беше подигната свеста за заштита на сопственото здравје, безбедноста на околината и почитувањето на законските прописи.
Забавата не смее да биде опасна – безбедноста секогаш е на прво место!










Поврзани содржини