Училишни натпревари по физика и природни науки - ООУ Крсте Мисирков
предна крсте мисирков

Училишни натпревари по физика и природни науки

Извештај од реализиран училишен натпревар по природни науки со ученици од 5-то одделение во учебната 2025/26 година

На ден 26.12.2025 година се реализираше училишен натпревар по природни науки со ученици од 5-то одделение под менторство на наставникот по природни науки Анета Топалова. Натпреварот започна навремено во присуство на наставниците Анета Топалова и Сашка Крстевски. На натпреварот учествуваа 15 ученици кои решаваа натпреварувачки тест. Наградувањето на училишниот натпревар за 5.одд. е според освоените бодови, односно процентот од максималните бодови на тестот (52 поени):
I награда – 81 – 100%
II награда – 71 – 80%
III награда – 56 – 70%
Пофалница – 46 – 55%
Учество – под 46% Учениците ги постигнаа следните резултати:
училишен натпревар по природни науки со ученици од 5 одд 2025-2026
Наставник по природни науки: Анета Топалова



Извештај од реализиран училишен натпревар по физика со ученици од 9-то одделение во учебната 2025/26 година

На ден 29.12.2025 година се реализираше училишен натпревар по физика со ученици од 9 (деветто) одделение под менторство на наставникот по физика Анета Топалова. Натпреварот започна навремено во присуство на наставниците Анета Топалова и Сашка Крстевски. На натпреварот учествуваа два ученика од 9-то одделение кои се натпреваруваа во експериментален дел од областа на физиката. Учениците ги постигнаа следните резултати:
1. Теона Миленковска – I (прво) место
2. Сара Јанковска – II (второ) место.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе