Ден на подигнување на свеста за аутизам 02-04-2026

Активности по повод 2 Април – Ден на подигнување на свеста за аутизам

На 2 Април реализиравме едукативна и креативна активност со цел да поттикнеме разбирање, прифаќање и емпатија кај учениците.
Активностите започна со гледање на кратко едукативно видео, преку кое учениците се запознаа со тоа како светот може да изгледа од перспектива на дете со аутизам. Разговаравме за чувствата, предизвиците и потребата од поддршка и разбирање.
Во завршниот дел, учениците изработија креативни листови на кои напишаа пораки со што ја изразија својата подготвеност да бидат добри другари, да прифаќаат различности и да покажуваат разбирање.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе