Заеднички МИО активности 01-04-2026

Заеднички МИО активности

ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНА ЗАЕДНИЧКА АКТИВНОСТ

На ден 01.04.2026 година, во ООУ „Крсте Мисирков“ се реализираше заедничка активност со партнерското училиште ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци и подрачното училиште од Страчинци.

Активностите беа организирани по повод Денот на шегата, во присуство на наставници  и родители.

  1. Активност – Дефиле со маски и интеркултурна интеракцијаВо рамки на првата активност, учениците реализираа дефиле со маски. Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ продефилираа околу учениците одООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци и Страчинци, кои беа поставени во кружен распоред, по што улогите се заменија.
    По завршувањето на дефилето, учениците работеа во мешани парови, при што запишуваа убави зборови на различни јазици и ги прикачуваа на заедничка кукла, како симбол на почитување на различностите, соработка и пријателство.
  2. Активност – Еко работилница „Природни производи и одржлив развој“

Организација:
Формирани беа три мешани тима, секој составен од ученици од двете училишта и наставници (координатор и асистент).

Цели на работилницата:

  • развивање на еколошка свест
  • поттикнување на практично и истражувачко учење
  • развивање на тимска работа и меѓуучилишна соработка
  • примена на знаења од природните науки

Опис на активностите:

Тим 1 реализираше изработка на филтер кесички со билни мешавини и декоративни пакувања од рециклирани материјали. Учениците користеа сушени билки (нане, камилица, липа), дизајнираа етикети и изработуваа еколошки пакувања.
Резултат: функционални и креативни производи со еколошка вредност.

Тим 2 работеше на подготовка на билни чаеви и истражување на задржување на топлина во чаши од различен материјал (стакло, пластика, керамика). Учениците вршеа мерења и споредби.
Резултат: развиено научно размислување и заклучок дека материјалот влијае на задржување на топлината.

Тим 3 реализираше изработка на природни средства за дезинфекција (алкохол, глицерин, вода, природни ароми). Посебен акцент беше ставен на врсничко учење и размена на знаење.
Резултат: изработени практични производи и зајакната соработка меѓу учениците.

Постигнати резултати:

  • развиена еколошка свест
  • стекнати практични знаења и вештини
  • поттикнато критичко и научно размислување
  • унапредена комуникација и тимска работа
  • зајакната меѓуучилишна соработка
  • успешна размена на знаења

Учениците покажаа високо ниво на мотивација, одговорност и ангажираност.

  1. Активност – Спортски игри

Реализирани беа две штафетни игри во мешани тимови:

  • „Сложувалка“ – активност насочена кон развој на концентрација, меморија и тимска координација
  • „Полигон“ – активност за развој на моторички способности (брзина, координација, издржливост) и тимска одговорност

Игрите придонесоа за зајакнување на тимскиот дух, соработката и меѓусебната комуникација.

Заклучок
По завршувањето на активностите следуваше заедничко дружење во позитивна и пријатна атмосфера. Реализацијата на вакви активности претставува значаен придонес за меѓусебно запознавање, градење пријателства и развивање на интеркултурна свест кај учениците. Истите придонесуваат за јакнење на толеранцијата, почитта и чувството на заедништво, како и за унапредување на воспитно-образовниот процес.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе