Активности за одбележување на Глобалната недела на парите

nedela-na-parite-15-04-2025

Активности за одбележување на Глобалната недела на парите

Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, на 02.04.2025 година (среда) со почеток во 11:00 часот, се одржа вебинар на тема: „Размисли пред да „заследиш“ – за безбедност на твоите пари во иднина“, организиран од страна на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ).
На вебинарот активно учествуваа наставници и професори од основни и средни училишта од целата држава, со цел да се зајакне свеста и знаењето кај младите за финансиска безбедност и одговорно користење на дигиталните алатки при управување со парите.
На 11.04.2025 година беше реализирана работилница со ученици од VIII одделение на истата тема. На работилницата учествуваа 36 ученици, кои преку интерактивни активности дискутираа за важноста на критичко размислување при користење на социјалните мрежи и влијанието на инфлуенсерите врз нивните финансиски одлуки. Работилницата беше успешно спроведена и предизвика голем интерес и активна вклученост кај учениците.
Наставник: Анета Смилевска

nedela-na-parite-15-04-2025-01 nedela-na-parite-15-04-2025-02

logo km