Заедно против насилството 02-07-2026

Заедно против насилството

Стручните соработници, наставници од нашето училиште, заедно со родители, психолози, експерти од областа на заштитата на децата и претставници на релевантни институции, успешно учествуваа на обуката реализирана во рамки на проектот „Прекинување на циклусот на насилство: системска превенција на семејно насилство преку образовниот систем“. 👩‍🏫👨‍⚕️🧑‍

Обуката беше насочена кон јакнење на капацитетите за препознавање, превенција и соодветно постапување во случаи на семејно и врсничко насилство. 🛡️💡🧠🔍🛑

Со континуирана едукација, соработка и заедничка грижа создаваме побезбедна, посигурна и поддржувачка средина за секое дете. 🤝🌱🏡👧👦❤️✨

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе