Безбедно користење на интернет и дигитални платформи

internet 06 03 2025

Безбедно користење на интернет и дигитални платформи

На ден 04.03.2025 година со претставниците во Совет на родители беше реализирана работилницата на тема „Безбедно користење на интернет и дигитални платформи“. Работилницата беше организирана со цел да се подигне свеста кај родителите за предизвиците и ризиците кои ги носи дигиталниот свет, како и за начините на заштита на децата при користење на интернет.
Беше дискутирано за тоа како да се препознае и реагира на сајбер насилство, како да се заштитат децата од онлајн предатори, што е фишинг и онлајн измами, како децата да развијат критичко размислување и да препознаат лажни вести, како и кое е влијанието на прекумерната употреба на мобилни телефони врз здравјето и постигањата на учениците. Притоа беше ставен акцент на тоа како да се препознаат и како да се спречат овие појави. Родителите активно учествуваа во дискусијата, поставувајќи прашања поврзани со конкретни ситуации и добивајќи насоки за правилно користење на интернетот.
На родителите им беа понудени практични совети за тоа како да ги заштитат своите деца во дигиталниот свет, корисни линкови и алатки, како и инсталација и користење на Google Family Link за родителска контрола и безбедност на учениците.
На крајот беше потенцирано дека најдобрата заштита е информираноста и отворената комуникација.

logo km