km 15 11 2022 1 dc9

Биди другар – Подај рака!

Aктивности на часовите по информатика за одбележување на Деновите на Крсте Мисирков – Биди другар – Подај рака! Со цел да го поттикнеме соученичкото учење и помагањето на учениците едни на други при стекнување на нови знаења, се реализираа активности посветени на животот и делото на Крсте Мисирков. Учениците од IX одделение на часовите по информатика изготвија презентации и Kahoot квиз и истите во улога на наставник реализираа часови во VI одделение, презентирајќи ги сопствените материјали. Учениците од VI одделение ги продлабочија своите знаења за Крсте Мисирков и земаа активно учество на часовите. Се забавуваа и натпреваруваа во исто време, создавајќи пријатна атмосфера за време на часот.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе