Читањето е супермоќ
Со гордост ви ги претставуваме нашите суперчитатели од трето одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје! 📚🌟
Тие добија официјални пофалници на истоимениот конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и „Литература.мк“! 🏆✨
Честитки за нивната посветеност, љубов кон книгата и извонредниот успех:
🎓 Војдан Георгиев
🎓 Дамјан Богатинов
🎓 Андреа Неделковски
🎓 Калина Бурзевска
🎓 Ева Милевска
🎓 Михаил Димитриевски
🎓 Миа Трајковска
Овој успех е доказ за вредната работа на нашите ученици и наставниот кадар кои секојдневно докажуваат дека книгата е најдобриот другар. 📖💡
Нашите третоодделенци достоинствено го претставија училиштето и покажаа дека читањето навистина е супермоќ! 🦸♂️🦸♀️
Браво за нашите вредни дечиња! Продолжете да нижете успеси во светот на книжевноста! 🎉👏







Поврзани содржини