Работилница – Превенција од насилство
Во нашето училиште се одржа работилница во организација на Министерството за внатрешни работи (МВР), посветена на превенцијата од насилство. 👮♂️🛡️
На настанот активно учество земаа родителите, кои имаа можност да се информираат за различните видови насилство, начините на нивно препознавање, како и за мерките и постапките за навремена превенција и заштита на децата. 👨👩👧👦🔍
Ваквите едукативни активности придонесуваат за зајакнување на соработката помеѓу училиштето, родителите и надлежните институции, со заедничка цел – создавање безбедна и здрава средина за сите ученици. 🤝🏫
Им благодариме на претставниците на МВР за нивната поддршка и корисното предавање, како и на родителите за нивното присуство и ангажираност. ✨🙏







Поврзани содржини