Ден на планетата Земја
Денес, 22 Април – Денот на планетата Земја, учениците од 7 одделение успешно ги презентираа своите креативни изработки пред учениците и наставниците од нашето училиште, под мотото: „Мал чекор за нас – голема надеж за Земјата“.
Активноста беше реализирана во рамките на општествено-хуманитарната работа и им овозможи на учениците да ја изразат својата еколошка свест, креативност и одговорност. Преку својата посветеност, тие покажаа дека и малите чекори можат да донесат големи промени за нашата планета.
Заедно градиме подобра и почиста иднина!










Поврзани содржини