Спектакуларен спортски настан во Скопје 22-04-2026

Спектакуларен спортски настан во Скопје

Со огромна чест ве известуваме дека во Скопје се одржува Светското училишно првенство во ракомет за средношколци, во периодот од 21 до 28 Април 2026 година!
Над 700 млади ракометари и ракометарки од дури 21 држава ќе ги покажат своите вештини, талент и спортски дух!
Натпреварите се играат во спортската сала „Крсте Мисирков“ – Гази Баба. Горди сме што ваков голем светски настан се одвива токму во салата на нашето училиште – место каде што се создаваат спортски приказни и шампиони!
Да ги поддржиме младите шампиони – иднината на ракометот започнува тука!

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе