diseminacija 21 10 2022 1 0b2

Дисеминација на работилница

На ден 21.10.2022 наставниците Маја Виденовиќ, Scientix Амбасадор, и Анета Топалова, извршија дисеминација на стекнатите знаења од работилницата „СТЕМ училишта, како да се зголеми интересот за СТЕМ наставата и како да се развие добра СТЕМ училишна стратегија“. На дисеминацијата присуствуваа наставниците од одделенска настава и наставниците кои предваат СТЕМ предмети во училиштето.
На почетокот беше дискутирана потребата за зголемување на интересот на учениците за СТЕМ областите. Наставниците се запознаа со концептот на СТЕМ училиште, како да се развие добра СТЕМ училишна стратегија и се запознаа со процесот на самоевалуација на училиштата и добивање на СТЕМ ознака за квалитет. Се водеше дискусија за начинот на поднесување на СТЕМ училишните практики и студии на случај, преку кои може да се  обезбеди докази за исполнување на критериумите за СТЕМ училиште. Системот за добивање поени за секоја активност и соодветните ознаки кои може да се добијат беа објаснети во детали.
Беше потенцирана потребата од тимска работа и интердисциплинарен пристап при апликацијата за СТЕМ ознака за квалитет и подигнување на квалитетот на СТЕМ наставата на училишно ниво.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе