Извештај натпревар природни науки во четврто одделение
Основни информации
Училиште: ООУ,,Крсте Мисирков’’
Датум на одржување: 04.02.2026
Место на одржување: ООУ,,Крсте Мисирков’’
Одделение: IV (четврто одделение)
Предмет: Природни науки
Наставник/ментор: Лидија Димитриевска IV-1, Мимоза Црвенова IV-2, Јасминка Пешевска IV-3
Цел на натпреварот
Целта на училишен натпреварот по Природни науки беше да се поттикне интересот на учениците за природните појави, да се развие љубопитноста, логичкото размислување и примената на стекнатите знаења од наставната програма за 4 одделение.
Тек на натпреварот
Натпреварот се одржа во пријатна и мотивирачка атмосфера. Учениците решаваа задачи од различни области на Природни науки, како што се:
– Физичко географски карактеристики на Земјата
– Особини на животните и растенијата и нивната поделба
Задачите беа прилагодени на возраста на учениците и беа со различна тежина, со цел да се провери нивното знаење, разбирање и способност за логичко поврзување.
Учество и резултати
На натпреварот учествуваа 10 ученици од 4 одделение. Сите ученици покажаа голем интерес и ангажираност. Постигнатите резултати покажаа солидно познавање на наставниот материјал и добра подготвеност.

Заклучок
Училишниот натпреварот по Природни науки беше успешно реализиран. Учениците стекнаа позитивно искуство, ја зајакнаа самодовербата и мотивацијата за понатамошно учење. Ваквите активности придонесуваат за подобрување на квалитетот на наставата и развојот на љубовта кон природните науки кај учениците.









Поврзани содржини