Извештај од дводневна екскурзија за 6 одделение
Извештај од изведената дводневна екскурзија низ
Источна Македонија
Екскурзијата се изведе низ Источна Македонија на 31.10.2022 и 01.11.2022 година. Од шесто одделение присуствуваа 57 ученика и 3 одделенски раководители:
6 1 – Смилевска Анета, 6 2 – Благица Ристивојевиќ, 6 3 – Бобан Величковски. Поаѓањето беше во 8 часот и 15 минути пред училиште.
Патувавме преку Куманово. Потоа имавме разгледување на градот Кратово и запознавање на учениците со старата градска архитектура застапена во Кратово, посебно со камените кули и мостови, како и посета на градскиот музеј. Учениците имаа можност од стручно лице да ја слушнат и легендата за Радин мост.








Поврзани содржини