Logo-predna-2026

Извештај од одржана обука на тема „Првата Помош спасува живот“

На ден 12.03.2026 година во соработка со Црвениот Крст на РСМ, кој дава особен придонес во промовирање на Првата помош во образовните институции, се одржа едночасовна обука за ученици која имаше за цел да ги поттикне младите да ги научат теоретските основи како правилно да укажуваат прва помош.
По пристигнатата покана од страна на Црвениот Крст на Гази Баба за одржување на општинскии и државни натпревари учениците упатија барање до одговорниот наставник во училиштето за спроведување на обука за повторување на теоретски знаења од темата со цел да им послужат за усвојување на понатамошните вештини кои ревијално ќе ги претстават на натпреварот што се одржува во месец Април годинава.
На обуката стана збор за должноста на поединецот да умее правилно да пристапи и укаже помош , да биде полезен за својата заедница и да помогне на засегнат од несреќа во својата непосредна околина . Тоа не е само потреба на социјална емпатија туку должност на секој граѓанин. Со учениците се дефинираше поимот укажување прва помош и се разговараше за основите за себезаштита во моменти на укажување на прва помош. Постапка за приоѓање, претставување и разговор со повредено лице. Потреба од контактирање на возрасно лице кое е обучено да укаже прва помош и да ги извести медицинските службеници доколку има потреба.
Потоа беа презентирани медиумски визуелни материјали за основни средства со кои се укажува прва помош а теоретскиот дел заврши со интерактивен квиз за утврдување на презентираните знаења.
Развивањето емпатија и разбирање, укажување на психолошка поткрепа во неопходен момент беа исто така тема на разговор.
По теоретскиот дел учениците имаа можност да поставуваат прашања а по дискусијата се изведоа и неколку симулации за разговор со повреден, повикување на итна медицинска помош, преврски на лесни повреди на екстремитети, проверка на пулс, постапка при крварење на нос и слично.
Дел од присутните ученици изразија желба за пријавување на натпреварот по Прва помош, им беше кажано дека е потребна дозвола за учество потпишана од родител која треба да ја донесат пред да им биде доделен обучувач од страна на Црвениот Крст.
Додека дел од присутните ученици покажаа интерес за одржување на нови средби на други теми од кои се засегнати и имаат интерес за нив.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе