Microbit обука со учениците 2018 - ООУ Крсте Мисирков
microbit 2018 00 4c9

Microbit обука со учениците 2018

Во периодот од 15.05.2018 до 21.05.2018 година учениците од Тимот за програмирање при ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје заедно со наставникот по информатика Маја Виденовиќ извршија кратка обука за користење на Microbit уредите на учениците од V до VIII одделение.

На учениците им беше презентиран Microbit уредот и начинот на кој истиот може да се програмира. Самостојно беа во можност да програмираат кратки програми и да го видат нивниот ефект на Microbit уредите.

Интересот и мотивацијата на учениците можеа да се забележат на нвните среќни и весели лица како и желбата за понатамошно програмирање со овој уред.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе