nacionalna akcija otpad 2018 01 46e

Национална акција за чистење на отпад 2018

На 15.09.2018 година и ООУ Крсте Мисирков преку соодветни активности се приклучи кон Националната акција за отстранување на отпадот.
Еко одборот, еко тимот, учениците од еколошката секција испланираа соодветни активности кон кои се приклучија и други ученици кои имаа желба да земат учество во активностите.
Учениците беа поделени во три тима:
– Тим за отстранување на отпадот
– Тим за расчитување на делот околу компостот и освежување на истиот
– Тим за разубавување на делот од дворот посветен на најмалите ученици.
Акцијата беше прифатена и успешно изведена од страна на наставниците, учениците и мал број на родители.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе