Маја Виденовиќ 23-01-2026

Наставничка Маја Виденовиќ е избрана за една од 10-те највлијатени жени во користење на образовна технологија во наставата

Со огромно задоволство споделуваме дека нашата наставничка по техничко образование и информатика, Маја Виденовиќ е избрана за една од 10-те највлијатени жени во користење на образовна технологија во наставата. Истата беше препознаена како една од жените – пионери во иновативно користење на технологија во наставата која ги инспирира и останатите наставници во обликување на нашата дигитална иднина.
Ова престижно признание и беше доделено на нашата наставничка на меѓународната конференција Bett UK 2026, на која присуствуваа повеќе од 35000 едукатори од целиот свет.
На истата конференција наставничката учествуваше и на интернационалниот Teachmeet каде презентираше иновативен пристап од својата наставна практика за тоа како може да се трансформира едукацијата за сајбер безбедност во авантура преку користење на интерактивни предизвици, игри и мисии кои го поттикнуваат интересот и мотивацијата на учениците. Огромна чест е тоа што овој пример на добра практика од нашето училиште беше презентиран пред заедница на едукатори од целиот свет, со што изврши промоција на нашето училиште на интернационално ниво.