Натпревар Безбедност во патниот сообраќај 2018 - ООУ Крсте Мисирков
bezbednost 2018 00 e20

Натпревар Безбедност во патниот сообраќај 2018

Средното стручно училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, оваа учебна година започна со реализација на проектот „Безбедност во патниот сообраќај“ во соработка со основните училишта во градот.

На 02.06.2018 година (сабота), со почеток од 9:00 во просториите на училиштето се одржа Отворениот ден и натпреварот „Безбедност во патниот сообраќај“.

Натпреварот се одвиваше во две дисциплини – познавање на сообраќајни знаци и вешто возење на симулатор.

Од нашето училиште присуствуваа 9 ученици и тоа: Матеј Пешев и Мирјета Аметовска од 9-1 одделение, Христијан-Мијалески Спасески, Кристијан Димитриевски, Каја Сладиновски и Валерија Михајловска од 9-3 одделение, Харис Табаковиќ од 9-4 одделение, Кристина Ристовска од 8-3 одделение и Дамјан Михајловски од 7-3 одделение.

Учениците постигнаа голем успех, се пласираа меѓу првите 10 и освоија пригодни награди, а ученикот Христијан-Мијалески Спасески доби велосипед за освоено 1 место.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе