Обука “Зголемување на мотивацијата на учениците преку користење на учење базирано на игра потпомогнато со вештачка интелигенција” - ООУ Крсте Мисирков
Зголемување на мотивацијата на учениците 16-01-2026

Обука “Зголемување на мотивацијата на учениците преку користење на учење базирано на игра потпомогнато со вештачка интелигенција”

На 16.01.2026 година во ООУ „Крсте Мисирков“ се реализираше интересна и современа обука на тема “Зголемување на мотивацијата на учениците преку користење на учење базирано на игра потпомогнато со вештачка интелигенција” под менторство на наставничката Маја Виденовиќ.
Во текот на обуката учесниците имаа можност да се запознаат со основите и можностите на вештачката интелигенција, нејзината примена во современата настава, како и начините на кои дигиталните алатки можат да го олеснат и подобрат учењето и наставниот процес
Обуката беше исполнета со практични примери, креирани наставни средства и материјали, корисни дискусии и инспиративни идеи за интегрирање на технологијата во образованието. Се отворија нови перспективи за тоа како ИТ светот влијае на иднината на учениците и наставниците и како можеме заедно да чекориме кон модерни и инклузивни методи на учење.
Вториот дел од обуката беше реализиран во форма на работилница каде присутните наставници самостојно се обидоа да креираат едукативни игри, потпомогнати од обучувачот и се подготвија за нивна практична имплементација во училница, кои понатаму ќе бидат споделени како примери на добри практики во рамките на стручните активи.
Голема благодарност до Маја Виденовиќ за стручното водство и мотивацијата што ја пренесе на сите присутни. Продолжуваме да учиме, да се надградуваме и да создаваме подобро образование за идните генерации!

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе