Обука сумативно оценување
Основна задача на секое квалитетно училиште е да ги развива професионалните компетенции на воспитно – образовниот кадар, кој ќе придонесува за зајакнување на сопствените капацитети за бенефит на учениците.
Во таа насока, со самиот почеток на второто полугодие, на 12.01.2026 година, наставниците од ООУ „Крсте Мисирков“ посетија интерна обука за оценување реализирана од наставниците Маја Виденовиќ и Анита Ангеловска.
Обуката беше реализирана во три сесии: Сумативно наспроти формативно оценување; Изготвување објективни и есејски тестови; и Критериуми за оценување на учениците.
Целите на обуките беа Обезбедување поддршка на наставниците и стручните соработници за реализација на формативно и сумативно оценување; Поврзување на наставната програма со Стандардите за оценување; и Објективно оценување преку изедначување на критериумите согласно националните стандарди за оценување.
На присутните им беа посочени различни методи за оценување на учениците согласно наставните цели, и нивно користење во формативни и/или сумативни цели. Особен фокус беше ставен на користењето на повратната информација за насочување на понатамошното учење на учениците, како и на вклучување на учениците во самооценување и соученичко оценување. Беше истакната и важноста од анализирање на резултатите од оценувањето и нивно користење за понатамошно планирање на наставата.
Втората сесија започна со потенцирање на важноста од изготвување на различни инструменти за оценување на учениците. Детално беа презентирани и образложени објективните и есејските прашања, разликите, предностите и недостатоците на двете групи прашања, односно тестови. Посебен фокус беше ставен на изготвувањето на инструменти и критериумите за нивно оценување.
Се разви дискусија во однос на критериумите за оценување согласно БРО и МОН, и придобивката од нивно следење за усогласување на критериумите за оценување на наставниците.







Поврзани содржини