pobezbeden internet 10 02 2022 1 d39

Одбележување на Денот на побезбеден интернет

Одбележувањето на Денот на побезбеден интернет 2022 во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје се реализираше преку едукација на учениците на тема: Сајбер безбедност и справување со дезинформации, под менторство на наставниците Маја Виденовиќ и Фросина Алексовска.

Во таа насока во изминатите два месеци учениците од VIII и IX одделение истражуваа на интернет, дискутираа помеѓу себе и заеднички донесуваа заклучоци поврзани со сајбер безбедност и справување со дезинформации. Тие развиваа вештини за комуникација, соработка, дигитална писменост, критичко и креативно размислување. Заеднички креираа материјали кои понатаму се искористија за едукација на учениците од пониските одделенија.

На 07.02.2022 и 08.02.2022 беше извршена дисеминација на овие стекнати знаења од учениците од повисоките одделенија на учениците од пониските одделенија (VI и VII одделение). Учениците од повисоките одделенија беа во улога на наставници, презентираа материјали, поттикнуваа дискусии и на крај го тестираа знаењето на учениците од пониските одделенија на теми поврзани со сајбер безбедност и дезинформации. Наставниците ментори само го следеа целиот процес и повремено се вклучуваа во дискусии.

Преку принцип на соученичко учење, кај учениците се развија вештини за правилно однесување во виртуелниот свет.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе