Одбележување на Ноември – месецот на науката
Во рамки на активностите со кои го одбележуваме Ноември – месецот на науката, учениците од VIII одделение направија истражување посветено на познати светски научници.
Учениците имаа за задача да истражат мудри мисли и инспиративни цитати од познати научници од различни области (математика, физика, хемија, биологија, астрономија и др.), да ги запишат избраните мисли на декоративни картони и да изработат хамер. Активноста имаше за цел да ги поттикне учениците кон развивање на истражувачки вештини и разбирање на значењето на науката во секојдневието.










Поврзани содржини