Учество на натпревар во организација на ЈУ Детски културен центар - Карпош - ООУ Крсте Мисирков
Учество на натпревар во организација на ЈУ Детски културен центар Карпош 28-11-2025

Учество на натпревар во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош

Во рамки на традиционалните натпревари што на ниво на град Скопје секоја година ги организира ЈУ Детски културен центар – Карпош, учество земаа и ученици од ООУ „Крсте Мисирков“.
Нашето училиште го претставуваа Ана Стојановска (VIII-3), Теодона Стратрова (VIII-2) и Јасмин Мирчевска (IX-2).
Првиот круг од натпреварот се одржа во просториите на ЈУ Детски културен центар Карпош на 25.11. 2025 година во 11:00 часот. Ученичките се натпреваруваа во област која ги опфаќа наставните содржини од VIII и IX одделение, како и прашања од поширок образовен и културен контекст. Со своето знаење, ангажираност и одговорен пристап тие достојно го претставија нашето училиште и се пласираа во следниот круг од натпреварувањето.
На нашите ученички им посакуваме уште поголем успех во наредната етапа од натпреварот.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе