Онлајн предавање на тема „Приказни за опстанок – Македонската флора под лупа“
Во нашето училиште се одржа онлајн предавање на тема „Приказни за опстанок – Македонската флора под лупа“, организирано од Македонското еколошко друштво. 💻🌿🇲🇰
Учениците имаа можност да научат повеќе за богатството на македонската флора, биодиверзитетот во нашата земја и интересните начини на кои растенијата се приспособуваат и опстануваат во природата. 🌱🌸🔍
Преку интерактивна презентација и интересни примери, учениците дознаа: 📊✨
-
дали во Македонија постојат инсективорни растенија 🌿🐜
-
дали сите растенија вршат фотосинтеза ☀️🍃
-
како животната средина влијае врз морфологијата и приспособувањето на растенијата 🌍🌾
Им благодариме на предавачите од Македонското еколошко друштво за прекрасното и едукативно искуство, како и на нашите ученици за активното учество и интересот. 🤝👏❤️
Активноста во нашето училиште беше под менторство на наставникот по хемија и биологија, Сашка Крстевски. 👩🏫🧪🧬









Поврзани содржини