Патување низ светот на земјотресите – онлајн предавање за учениците 29-04-2026

Патување низ светот на земјотресите – онлајн предавање за учениците

Бирото за развој на образованието, во соработка со УНИЦЕФ и со поддршка на Македонското еколошко друштво (МЕД), активно работи на унапредување на знаењето и интересот кај учениците за природните науки и животната средина.
За таа цел, преку Мрежата за искуствено учење, воспоставена во рамките на проект финансиран од Шведска, се организира онлајн предавање на тема „Патување низ светот на земјотресите“.
Предавањето се одржа на 29 Април во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во организација на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Предавањето беше следено од нашите ученици во присуство на наставникот по физика, Анета Топалова.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе