Предавање за општествено – хуманитарна работа
На 4 и 5 Март во нашето училиште се одржа предавање на тема „Општествено-хуманитарна работа“, со цел да се поттикне свеста кај учениците за важноста на солидарноста, емпатијата и активното учество во заедницата.
Учениците имаа можност да се запознаат со значењето и целите на општествено-хуманитарната работа, како и со начините на кои тие можат да придонесат за подобрување на условите во својата средина. Преку дискусија и примери од секојдневниот живот, се истакна значењето на хуманоста, солидарноста и меѓусебната поддршка.
Веруваме дека со вакви активности ги охрабруваме младите да бидат одговорни, активни и грижливи членови на општеството, да бидат генерации кои ќе бидат носители на позитивни промени во општеството.
Благодарност до сите ученици од седмо одделение и се надеваме на нивно активно учество во Општествено-хуманитарната работа!









Поврзани содржини