priem na prvacinja 2018 01 1ba

Прием на првачиња на првиот час 2018

На ден 03.09.2018 год. во нашето училиште ООУ „Крсте Мисирков“ наставата започна по предвидениот распоред.

Во 9:00 часот училиштето организираше свечен прием на првачињата на првиот училишен час.

За оваа пригода училиштето беше посебно украсено со пригодни декорации кои создадоа пријатна атмосфера и придонесоа чинот на поаѓање во училиште засекогаш да им остане врежан во сеќавањата на учениците како свечен и возвишен момент.

Овој посебен момент и влезот во нова животна фаза на малите првачиња го поздрави и директорот на училиштето м-р Наташа Тргачевска Мојсовски.

Постарите другарчиња подготвија посебна програма со која ги поздравија и им посакаа топло добредојде на нашите нови ученици.

На учениците им беа подарени посебно спакувани чоколадца со логото на училиштето и изработени беџови со нивните имиња кои засекогаш ќе им бидат спомен на првиот училишен ден, како и балони со хелиум кои придонесоа за насмевката на првиот училишен ден.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе