Прво место за визија што инспирира
По повод Меѓународниот ден на детето, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа настанот „Зелената енергија е иднината – а нашата иднина се децата“. 🌍🌱
Нашето училиште го претставуваше тим составен од учениците Јасмин Мирчевска, Теона Миленковска, Горјан Јанакиевски и Меланија Трајковска, под менторство на наставничката по физика Анета Топалова. 👩🏫✨
Нашата визија беше имплементација на концептот на агроволтаици – иновативен пристап кој овозможува двојно искористување на исто плодно земјиште. Со многу труд, тимска работа и ентузијазам изработивме модел на автоматизирана тунел-фолија, со кој успешно ја претставивме нашата идеја. 🛠️💡
Со овој модел покажавме дека е можно:
-
🌱 Истовремено производство на здрава храна и генерирање зелена електрична енергија без намалување на обработливите површини;
-
⚡ Автоматизираност и енергетска независност, што придонесува за поголема сигурност во производството на храна;
-
🏫 Примена на концептот во зелени и самоодржливи училишта во руралните средини.
Во конкуренција на 15 училишта, нашиот тим го освои ПРВОТО МЕСТО! 🥇🏆
Комисијата беше особено импресионирана од економската оправданост, инженерските решенија и иновативноста на проектот, поради што добивме покана нашиот модел да го презентираме и на Машински факултет. 🎓⚙️
Овој успех е доказ дека кога на учениците ќе им се даде можност да истражуваат, да создаваат и да размислуваат креативно, тие можат да понудат решенија за предизвиците на иднината. 🌟🚀







Поврзани содржини