Кога училницата е во природата, учењето добива нова димензија
Со задоволство ја споделуваме веста дека во стручното списание „Полжавче“ е објавена статија посветена на нашата училишна градина! 🌿📖
Во статијата се претставени искуствата на наставникот кој со голема посветеност, љубов кон природата, здравата исхрана и работните навики ги инспирира учениците и ги поттикнува активно да учат преку сопствено искуство. 👩🏫🌱
Преку активностите во училишната градина, учениците учат во природна средина, стекнуваат практични знаења, развиваат вештини за работа и соработка и создаваат трајна поврзаност со природата и нејзините вредности. 🌻🤝
Ова признание претставува потврда за посветеноста на нашето училиште во создавањето современа, креативна и инспиративна средина за учење, во која знаењето се стекнува преку истражување, работа и личен ангажман. 💡✨
Нашата училишна градина продолжува да биде место каде што растат не само растенија, туку и знаења, вештини и љубов кон природата! 🥕🍎🎓








Поврзани содржини