Работилница „Да растеме заедно“
Работилница „Да растеме заедно“ – заеднички чекор кон повеќе разбирање и почит.
Денес во нашето училиште се реализираше работилница со девојчињата од нашето одделение и нивните Мајки.
Целта на средбата беше да создадеме простор за разбирање, емпатија и отворена комуникација.
Разговаравме за тоа како однесувањата влијаат врз чувствата, довербата и пријателствата, и како можеме заеднички да градиме здрава и поддржувачка средина.
Преку активности во кои Мајките споделуваа лични искуства од својата адолесценција, а девојчињата имаа можност да ги изразат своите чувства и потреби, се создаде искрен дијалог исполнет со почит и внимание. Посебен акцент ставивме на тоа дека „тивката агресија“ не е драма, туку повредување – и дека разговорот секогаш е подобар избор од исклучувањето.
Работилницата ја заокруживме со заеднички договор – вредносна порака која ќе остане видлив симбол во нашата училница и потсетник дека:
Почитта е посилна од статусот.
Разговорот е подобар од молкот.
Градиме пријателства, не сојузи против некого.
Веруваме дека ваквите средби ја зајакнуваат врската училиште–семејство и придонесуваат кон создавање безбедна, емпатична и здрава училишна заедница.
Благодарност до сите Мајки за отвореноста и подготвеноста да бидат дел од оваа важна иницијатива.










Поврзани содржини