Учество на e-Governance Conference 2025

e-Governance-Conference-02-06-2025

Учество на e-Governance Conference 2025

Наставникот по информатика Маја Виденовиќ на 28 и 29 мај 2025 година, во Талин, Естонија учествуваше на e-Governance Conference 2025 – една од водечките меѓународни конференции за дигитална трансформација и е-управување.
Под мотото „Од бајти до бенефити: Зголемување на просперитетот преку дигитална трансформација“, конференцијата обедини креатори на политики, технолошки експерти, претставници на граѓанскиот сектор и практичари од целиот свет за размена на искуства и идеи за успешни модели на дигитална трансформација. Преку панел дискусии, работилници и презентации на добри практики, учесниците добија увид во најновите трендови, иновации и решенија во областа на дигитализацијата.
Конференцијата ја потврди важноста на образованието како двигател на безбедна и одржлива дигитална трансформација и понуди одлична можност за вмрежување, размена на искуства и градење соработки за создавање одржливи и инклузивни дигитални општества.
За време на престојот таа ја посети и Управата за информациски системи на Естонија која е клучна институција зад успехот на Естонија како една од најнапредните дигитални држави во светот.
Горди сме што Маја Виденовиќ ја претставува Македонија и ја споделува нашата визија за инклузивно, безбедно и одговорно користење на дигиталните алатки!

logo km