Спортска магија под нашиот покрив
Со голема чест и задоволство споделуваме дека во спортската сала на нашето основно училиште успешно се одржа дел од натпреварите во рамките на Светското училишно првенство во ракомет – Скопје 2026.
Нашето училиште беше домаќин на млади спортисти од различни земји, кои со својот талент, спортски дух и фер-плеј создадоа незаборавна атмосфера исполнета со енергија и љубов кон ракометот.
Особено сме горди на целиот колектив на училиштето, кој со неизмерна посветеност, труд и професионалност се вложи во успешната организација и реализација на овој значаен настан.
Токму како признание за таа заложба, на нашето училиште му беше доделена официјална благодарница од ИСФ за особен придонес и поддршка.
Ова признание е доказ дека заедничката работа, тимскиот дух и посветеноста носат резултати кои се препознаваат и на меѓународно ниво.
Воедно, упатуваме искрени честитки до машката македонска репрезентација за освоеното прво место, како и до женската македонска репрезентација за одличното второ место.
Им благодариме на сите учесници, организатори, наставници, техничкиот персонал и волонтери кои беа дел од ова прекрасно искуство.









Поврзани содржини