Светски ден на книгата 23-04-2026

Светски ден на книгата!

По повод 23 Април – Светскиот ден на книгата, во соработка со Здружението „Игра Плус“ – здружение за здрав и активен развој на децата, успешно се реализираше активноста „Книга од дете за дете“.
Нашето училиште со задоволство беше дел од оваа прекрасна иницијатива, каде учениците со својата поддршка и учество придонесоа за ширење на љубовта кон книгата.
Благодарение на оваа активност, книгите продолжуваат да патуваат, а насмевките да се множат меѓу децата.
Голема благодарност до НВО „Игра Плус“ за признанието и можноста да бидеме дел од оваа инспиративна приказна!

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе