Заеднички МИО активности 22-04-2026

Заеднички МИО активности

Заедничките активности со партнер училиштето ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци и подрачното училише од Страчинци продолжија. Се реализира заедничка еко – активност во која беше застапена темата „Животна средина и климатска акција“. Учениците од двете училишта реализираа истражување на причините за загаденоста во општина Гази Баба, ги споделија резултатите од истражувањата во текот на повеќе електронски средби и изготвија препораки до пошироката популација за заштита од загаденоста и превенција на здравјето, преку изработка на рекламен материјал – флаери и брошури. Флаерите и брошурите учениците ги поделија во своите училишта и на случајни минувачи во околната на училиштата.
Голема благодарност на учениците за нивниот придонес во едукацијата на населението за преземање заштитни мерки за намалување на негативните последици врз здравјето од загадувањето.