Извештај
за реализирана активност по повод 02.04.2025 година, Светскиот ден на лицата со аутизам
Светскиот ден на лицата со аутизам, се одбележува на 2-ри април. Овој ден има за цел да ја подигне свеста за аутизмот и да го промовира прифаќањето и инклузијата на лицата со аутистичен спектар.
Во нашето училиште, направивме работилница со учениците од II- 2 одделение, одделенскиот наставник, училишниот дефектолог и образовниот асистент. Учениците испишаа кратки реченици во кои се отсликува свесноста, прифаќањето, емпатијата. Пораката која ја испративме е дека аутизмот не е само состојба, тоа е можност да се создадат нови начини на комуникација, соработка, поддршка и разбирање.