Светски ден на лицата со Даунов синдром

daunov-07-04-2025

Светски ден на лицата со Даунов синдром

Извештај

 за реализирана активност по повод 21.03.2025 година, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, се одбележува на 21 март. Овој ден е многу важен затоа што ни помага да разбереме дека сите луѓе, без разлика на разликите, заслужуваат љубов, пријателство и поддршка.

Дауновиот синдром е состојба со која некои луѓе се раѓаат. Тие можеби учат или се движат малку побавно, но имаат големи срца, прекрасни насмевки и можат да постигнат многу со помош и разбирање од околината.

Во нашето училиште, за да го одбележиме овој ден, училишниот дефектолог одржа работилница во која преку кратка презентација учениците имаа можност да научат нешто повеќе за лицата со Даунов синдром. Откако внимателно ја следеа презентацијата, учениците цртаа и боеја шарени чорапчиња. Потоа, на хамер во боја ги исцртаа своите дланки на кои ги испишаа нивните имиња.

Со овие активности учениците покажаа дека лицата со Даунов синдром треба да ги прифатиме, да другаруваме со нив, да ги почитуваме и да ги вклучиме во свет на еднакви можности, бидејќи со вистинска помош и поддршка овие лица можат да постигнат многу и да бидат успешни.

logo km