Трета награда за ученикот Стефан Михајлов на настанот „Ноември – месец на наука“ - ООУ Крсте Мисирков
Стефан Михајлов 24-11-2025

Трета награда за ученикот Стефан Михајлов на настанот „Ноември – месец на наука“

Саботниот ден од изминатиот викенд беше резервиран за младите истражувачи и љубители на науката. На настанот „Ноември – месец на наука“ преку спој од креативност и желба за откривање на тајните на природата, повеќе од 500 ентузијасти имаа можност да се претстават со експерименти, макети и резултати од спроведени анализи. Нашиот ученикот Стефан Михајлов од VI – 4 одделение со својот модел на бели дробови и демонстрација на механизмот на дишење ја освои ТРЕТАТА НАГРАДА во категоријата „Природни науки 6 одделение“.
„Целта ми беше да го претставам училиштето и себеси во добро светло и да научам нешто ново. Најзабавен дел од денот ми беше кога презентирав пред комисијата и ја разгледуваа мојата изработка “ – посочи Стефан и покажа дека учењето може да биде забавно.
Идните научници се во училишните клупи меѓу нас, а на наша цел е да ја разгориме жарта за откривањето на мистериите во природата и да ја поттикнуваме нивната љубопитност да ја истражат магијата која владее наоколу. Учеството на настани од овој тип не’ води еден чекор поблизу до остварувањето на таа задача.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе