Работилница на тема Социјално претприемништво - ООУ Крсте Мисирков
Работилница на тема Социјално претприемништво 21-11-2025

Работилница на тема Социјално претприемништво

Денес во нашето училиште се одржа работилница на тема Социјално претприемништво. Нашите ученици ја имаа можноста да се запознаат со терминот и значењето на социјалното претприемништво, а воедно, имаа и можност за развој на практични идеи и решенија за надминување на детектирани општествени проблеми и предизвици. Оваа работилница придонесе кон нивниот личен развој, а воедно, придонесе и кон градење на духот како можат да придонесат кон развојот на локалната заедницата и целокупното општество.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе