Учество нa работилница во рамки на проектот “Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност”
Наставникот Маја Виденовиќ од ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје, беше еден од предавачите на работилницата за подобрување на вештините на учениците од областа на сајбер безбедноста преку користење на едукативни игри. Оваа работилница беше реализирана на 01.02.2025 година од Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед, во рамки на проектот SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност.
За време на работилницата пред четириесеттина наставници од основните и средните училишта таа учествуваше во имплементација на креативна методологија за зајакнување на вештините за сајбер безбедност преку користење на можностите кои ги нуди вештачката интелигенција,
влијанието на раскажувањето приказни врз интересот и мотивацијата, како и придобивките од примена на пристап базиран на игра во наставата.
Маја Виденовиќ изврши презентација на различни алатки со вештачка интелигенција кои може да се искористат во едукативниот процес, со фокус на нивно користење на креирање на едукативни игри од областа на сајбер безбедноста.
Преку интересни, интерактивни и ангажирачки активности, учесниците на работилницата, меѓу кои и наставникот Анета Чаковска од нашето училиште, имаа можност самостојно да започнат со почетно креирање на интересни приказни кои понатаму ќе се развијат во едукативни игри кои ќе може да се искористат при едукација за сајбер безбедност. Заедно работиме на збогатување на базата на отворени образовни ресурси со едукативни игри за подобрување на вештините на учениците за сајбер безбедност.