Logo-predna-2026

Оглас за запишување првачиња

Оглас за запишување ученици во прво одделение во учебната 2026/2027 година 🏫🎒

Врз основа на Законот за основно образование, ООУ „Крсте Мисирков“ објавува оглас за запишување на нови ученици во прво одделение.

Право на запишување имаат:

  • Деца родени во 2020 година кои до крајот на 2026 година ќе наполнат 6 години.
  • Деца родени до 31.01.2021 година (по барање на родител и добиено мислење од стручна служба).

Потребни документи за запишување:

  1. Извод од матична книга на родените на детето;
  2. Лични карти од родителите/старателите на детето;
  3. Потврда за примени задолжителни вакцини;
  4. Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог;
  5. Потврда за офталмолошки преглед издадена од офталмолог.

Запишувањето ќе се одвива во текот на месеците Мај и Јуни, според претходно утврден распоред од страна на училиштето.

Оглас за запишување првачиња

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе