Соопштение за упис на деца во прво одделение
Соопштение за упис на деца во прво одделение во учебната 2026/2027 година
Во согласност со Законот за основно образование, уписот на деца во прво одделение во учебната 2026/2027 година во ООУ „Крсте Мисирков“ ќе се реализира во месец Мај и Јуни.
Законска обврска на родителот/старателот:
- Во прво одделение во основно училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години, односно сите деца родени во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.
- Со исклучок, право на запишување во прво одделение имаат и деца родени до 31.01.2021 година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот на училиштето.
Потребни документи за запишување:
- Извод од матична книга на родените на детето (копија);
- Лични карти од родителите/старателите на детето (на увид);
- Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда за стоматолошки преглед, издадена од стоматолог од надлежна здравствена установа;
- Потврда за офталмолошки преглед, издадена од офталмолог од надлежна здравствена установа (Поликлиника Ченто).
За дополнителни информации:
Е-маил: krstem@yahoo.com
Контакт телефон: 078/289-219


Поврзани содржини