Посета на писателка Јадранка Клисарова 24-03-2026

Посета на писателка Јадранка Клисарова

Во нашето училиште денешниот ден (вторник 24.03.2026 година) започна со посебна возбуда. Ходниците, наместо со вообичаениот џагор, беа исполнети со љубопитност во исчекување на нашата гостинка – познатата писателка Јадранка Клисарова.
Кога таа влезе во училницата, со себе донесе мирис на нови книги и магија на зборови. Со благ глас ни раскажуваше како настануваат нејзините приказни и каде се кријат идеите пред да слетаат на хартија.
Учениците, со голема љубопитност и широки насмевки, внимателно го слушаа секој нејзин збор, а потоа се редеа прашања: ‘Дали ликовите се вистински?’, ‘Која е Вашата омилена книга?’, ,, Колку време е потребно за да се напише една книга?”, ,,Дали настаните се вистинити?”.
Средбата заврши со заедничко фотографирање и поделба за автограми, каде секој од нас доби по неколку топли зборови запишани на првата страница од својата омилена книга:,,Децата од моето училиште”.
Овој ден не научи дека книгите не се само хартија, туку живи пријателства кои нè чекаат во училишната библиотека.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе