Учество на Франкофонски спектакл
По повод месецот на франкофонијата денес во Занаетчиски Дом во Куманово се одржа настан под име Франкофонски спектакл во организација на фондацијата Бел Идеал од Париз. На настанот учествуваа 19 училишта со повеќе од 100 ученика од средни и основни училишта од цела Македонија.
Учество зеде и нашето училиште со настап на ученици од 9-2 и 9-3 одд. кои настапија со театрална комедија под наслов ,,Кога минатото ќе го сретне со Wi-Fi-то” креирана од професорката по француски јазик Каролина Димовска.
Благодарност и до родителите кои беа вклучени во подготовките.









Поврзани содржини