Посета на Сеизмолошка опсерваторија со ученици од 5 одд
На ден 25.12.2025 година се реализира научна посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје со учениците од 5-то одделение и наставникот по природни науки Анета Топалова. Научната посета беше со цел едуцирање на учениците во областа на сеизмологијата во насока на промовирање на науката, како и едуцирање за ризиците и мерките за заштита од земјотреси. Во рамки на посетата беше реализирано едукативно предавање и работилница која содржеше четири (4) практични вежби преку кои учениците освен што се запознаа со основите на сеизмологијата како наука, ги научија и мерките за заштита од земјотреси.
Наставник: Анета Топалова










Поврзани содржини