Посета на Тумба Маџари 20-04-2026

Посета на Тумба Маџари

Учениците од петто одделение реализираа едукативна посета на Неолитското село Тумба Маџари. Посетата беше организирана со цел учениците поблиску да се запознаат со начинот на живот, културата и традициите од неолитскиот период.
При пристигнувањето, бевме топло пречекани од страна на домаќините, кои со голема посветеност и професионалност нè воведоа во програмата на посетата. Учениците имаа можност да учествуваат во различни интерактивни активности, при што на интересен начин се запознаа со секојдневието на луѓето од тоа време. Преку практични демонстрации и работилници, тие активно учествуваа, покажаа голем интерес и беа во улога на млади археолози.
Посетата беше исклучително корисна и едукативна, а учениците си заминаа со нови знаења и позитивни впечатоци.
Изразуваме голема благодарност до целиот тим на Неолитското село Тумба Маџари за нивниот пречек, ангажираност и креативност во подготовката на активностите. Нивната посветеност придонесе оваа посета да биде незаборавно искуство за сите нас.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе