Logo-predna-2026

Меморијален турнир во чест на Мартин Манов

Со многу љубов и емоции, го реализиравме Меморијалниот турнир посветен на нашиот ученик, Мартин Манов.
Овој турнир не беше само спортски настан, туку искрен и силен чин на сеќавање – никогаш да не избледи споменот за Мартин. Преку секој гол, секоја подадена рака и секоја насмевка на теренот, покажавме дека тој останува дел од нашето училиште, од нашите животи и од вредностите што ги негуваме.
Со овој настан, заеднички испративме порака – спомените не живеат само во тишина, туку и во делата, во заедништвото и во спортскиот дух што нè обединува. Токму затоа, овој турнир ќе продолжи да живее како традиција – како потсетник, но и како инспирација.
Им благодариме на сите ученици, наставници, родители и пријатели кои со своето присуство и поддршка придонесоа овој ден да биде исполнет со достоинство и љубов.
Нека споменот за Мартин живее вечно

Меморијален турнир во чест на Мартин Манов 14-04-2026

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе